Довчерашниот тренер на ПСЖ, Криштоф Галтие би можел да седне на клупата на Олимпик Марсеј.
Според весникот „Л’Екип“, раководството на Марсеј контактирало со претставниците на Галтие. Поранешниот тренер на ПСЖ е меѓу кандидатите да го замени Марселино, кој си замина минатата недела по седум натпревари како главен тренер на тимот и заканите кои ги доби од навивачите на клубот.
Галтие долго време е заинтересиран за проектот Марсеј, но претходно се нафати да го води ПСЖ.