Шпанските британски медиуми објавија дека Нејмар по три меча во дресот на Ал Хилал побарал од раководството на клубот да го сменат тренерот Жорге Жесус.
Неофицијално нивниот однос се влошил по дуелот со Узбек во Азиската лига. Нејмар на тој меч доби жолт картон поради неспортско однесување, а потоа и критика од тренерот по што дошло до кавга во соблекувалната, која за малку ќе преминела во тепачка.
По бројните вести, Нејмар се огласи на својот „Инстаграм“ профил и ги демантираше овие вести.
„Тоа е лага. Морате да престанете да им верувате на ваквите медиуми. Со милион следбеници не можете да објавувате вакви вести. Сета почит, но ве молам престанете. Ова е големо непочитување“, се вели во објавата на Нејмар.
Бразилецот потпиша двегодишен договор со Ал Хилал без опција за продолжување. Според информациите на Фбарицио Романо, специјалистот за трансфери, во ток период ќе заработи околу 400 милиони евра.