Башкими своите мечеви од Втората лига, но и во Купот на Македонија нема да може да ги игра на домашен терен, одлучи Комисијата за натпревари при ФФМ на денешната седница.
Причина за ваквата одлука е инцидентот кој се случи меѓу овој тим и Саса. Во 89. минута од мечот еден навивач на домашната екипа од Куманово влезе во терен и прво со шише вода го поли играчот на Каменица Саса, а потоа и го турна, па се струполи на земја.
Во продолжение следеа мачни и тешки сцени, па финишот на мечот се издолжи. Во целата гужва,наместо напреварот да биде прекинат и службена победа на гостите, единствено еден од фудбалерите на Башкими заработи црвен картон. Гостинските играчи, загрижени за својата безбедност на теренот, одбиваа да го продолжат мечот, но делегатот Добре Марков и главниот судија Миле Лазов им наложија да се вратат и да го довршат.
„Комисијата за натпревари на ФФМ на денешната седница донесе одлука со која теренот на ФК Башкими 1947 Куманово се суспендира за одигрување на првенствени и куп натпревари кога како домаќин е екипата на Башкими 1947 Куманово, се до донесување на конечна одлука на Дисциплинската комисија на ФФМ“, се вели во соопштението објавено на официјалната страница на ФФМ.