Торонто испрати понуда „која не се одбива“ за трејд на Лилард

577

Торонто во моментов ја има најдобрата понуда за трејд на Демиен Лилард, уверуваат американски извори. Според ESPN, канадскиот тим е голем фаворит во битката за потписот на ѕвездата на Портланд кој побара трејд кој никако не може да се реализира.

Неколку менаџери кои работат во НБА лигата, за ESPN потврдиле дека понудата која Торонто ја стави на маса за трејд на Лилард, Портланд нема да ја добие од друг клуб. Наводно Репторс за Ол-Стар кошаркарот го понудиле својот Ол-Стар кошаркар Паскал Сиакам, дебитантот на 2022 година, Скоти Барнс, О.Г. Ануноби и дебитантот Грејди Дик.

Трејдот на Лилард се очекува да се случи пред отворањето на тренинг кампот на почетокот на октомври.

ПретходноПоради денот на жалост: Одложено „вечното дерби“ меѓу Партизан и Ц. Звезда
СледноХрватското дерби е распродадено: Трајковски Vs. Адеми и Ристовски в недела пред полн „Пољуд“