Шпанскиот новинар Антонио Лобато ја згрози јавноста со ужасна шега за Михаел Шумахер. Лобато гостуваше во една емисија каде ги коментираше настаните во Формула 1.
Еден од гостите рече: „Нека се тресе Адријан Њуи“, по што Лобато се насмеа: „Нека се тресе Мајкл. О, добро Мајкл не може да се тресе“.
После оваа изјава секако на негова сметка стигнаа бројни критики, кои го принудија да се извини:
“Направив грешка, немав лоши намери. Не се изразив добро и не сакав да се потсмевам со Михаел Шумахер. Луѓе кои ме познаваат знаат дека никогаш не би направил такво нешто. Сеедно, тоа е несмасно. Им се извинувам на сите што ги навредив. Искрено му се восхитувам на Мајкл и мислам дека тој немаше среќа“, изјави Шпанецот.