Хрватското дерби е распродадено: Трајковски Vs. Адеми и Ристовски в недела пред полн „Пољуд“

274

Сплитски „Пољуд“ во недела на 1 октомври ќе биде сцена на најголемото хрватско фудбалско дерби. Во 10. коло од хрватскиот шампионат водечкиот Хајдук ќе го пречека третопласираниот Динамо.

Ова ќе биде вистинско македонско дерби, ако се знае дека на една страна во дресот на сплиќани ќе истрча Александар Трајковски, а на другата страна ќе биде уште еден двоец македонски интернационалци, Адеми и Ристовски.

Според последните информации во хрватските медиуми, комплетниот капацитет на стадионот на Хајдук е веќе распродаден. Хајдук почнал да продава билети во 10 часот, кои набрзо биле разграбани. Хајдук има околу 20 илјади претплатни сезонски билети, па затоа одреден дел од билетите не биле во продажба.

Проценките велат дека на дербито на трибините ќе има над 33.000 навивачи.

ПретходноТоронто испрати понуда „која не се одбива“ за трејд на Лилард
СледноОд клупата на ПСЖ оди на клупата на Олимпик Марсеј?