Јувентус под нова истрага

418

Јувентус е под нова истрага, повразана со сметководството на клубов во последните години, пишува „Ла Република“. Додека клубот е казнет во случајот со фалсификување на книгите со финансиски извештаи, се разгледуваат и исплати на посредници при трансфери на играчи во Јувентус. Koмисијата започна истрага наречена Agentópoli. Станува збор за наводна практика на клубот да вклучува италијански агенти во зделките на „Старата дама“ без тие да имаат никаква улога во нив. Се верува дека на овој начин торинскиот гигант сакал да им врати на спорните агенти за старите долгови што им ги должи.

Меѓу агентите под истрага има неколку имиња кои се популарни во локалниот фудбал. Нивната одбрана мора да биде поднесена до денеска, по што Комисијата на агенти ќе одлучи дали ќе воведе санкции за инволвираните страни.

 

ПретходноКасано: Леао е ист како Марсијал, a во Милан нема шампиони
СледноПрвиот човек на ФФ на Албанија е нов потпретседател на УЕФА