Барса киксираше кај Мајорка (ВИДЕО)

160

На затворањето на новото коло од Примера, лидерот на табелата тимот на Барселона, одигра само 2:2 на гостувањето кај Мајорка, и на тој начин направи кикс кој може да чини многу во понатамошниот дел од сезоната.

Што е уште поважно, Барселона се спасуваше од пораз вечерва откако Муричи ги донесе домашните во водство, за да Рафиња изедначи но Прац пред полувреме уште еднаш и донесе водство на Мајорка.

Младиот Лопез во 75. минута и донесе злато вреден бод на Барселона од ова гостување на кое Каталонците се надеваа на полн плен, а на крајот беа среќни и со реми.

ПретходноБаерн помина во купот на Германија
СледноПеп кажа дека е најдобар, па се предомисли и призна: Претерав!