Дувњак: Во Битола ќе биде пекол, но јас уживам во таква атмосфера

234

Ниту еден од ракометарите кои сега го носат дресот на германски Кил немал шанда да заигра во салата „Боро Чурлевски“ во Битола. Во пресрет на утрешниот меч од Лигата на шампионите, во германскиот тим се свесни дека ги чека жешка атмосфера.

„Гледав многу натпревари на Еурофарм Пелистер во изминатите неколку години“, вели капитенот на Кил, Хрватот Домагој Дувњак.

„Во салата нè очекува пекол. Очигледно вистинска атмосфера за искусни познавачи на ракометот. Јас искрено ќе уживам во одличната атмосфера, а сигурен сум дека и другите момци ќе се забавуваат и ќе дадат се од себе 60 минути. Не чека натпревар против навистина добар тим. Двата пораза на Еурофарм Пелистер на стартот не значат ништо. Очекувам тежок натпревар во кој треба да бидеме многу фокусирани“, истакнува искусниот хрватски бек.

Мечот Е. Пелистер – Кил се игра утре во 18.45 часот во Битола.

ПретходноПретседател на колумбиски второлигаш убиен откако загубиле на домашен терен
СледноИзолираниот Санчо добил совет да му се извини на Тен Хаг ако сака да си ја спаси кариерата