Еден од противниците на Македонија на Европското првенство во ракомет 2024, селекцијата на Германија, најверојатно ќе остане без Фабијан Виде за континенталниот собир на најдобрите. Ракометарот на Фуксе Берлин мора да биде опериран по скршеницата на десниот скочен зглоб, како што потврди во понеделникот извршниот директор на клубот.
29-годишниот Виде поради повредата ќе паузира најмалку до нова година. Според медиумите во Германија, голем знак прашалник е неговиот настап на Европското првенство.