Кривањева: Респект за Воска но бодовите утре се за Струга ТЛ

159

Утре со почеток од 15:00 часот во рамките од ПМФЛ шампионатот се игра заостанатиот дуел помеѓу екипите на Струга Трим Лум односно Воска како домаќин.

Дуелот за актуелниот шампион, тимот на Струга ТЛ секако дека е од битен карактер затоа што бодовите мора да се освојат и да се фати приклучок со самиот врв. За клубот освен одбрана на титулата сезонава ништо не е опција.

„Заморот е присутен во тимот, но позитивните резултати секогаш не тераат да го дадеме максимумот и многу да веруваме во себе. Така е и во пресрет на мечот со Воска спорт, нова екипа која е меѓу најдобрите во домашниот фудбал, против која сигурно ќе ги бараме трите бода.  И покрај квалитетите кои ги поседува противничката екипа, верувам во групата што ја имаме и искуството, па верувам дека ќе бидеме победници на езерското дерби“ – изјави Бесарт Кривањева.

„Имам доста пријатели меѓу играчите на Воска. Нашето пријателство постои долго време, верувам дека ќе продолжи и по овој натпревар, но можам да кажам дека во рок од 90 минути на теренот не ги познавам како пријатели, туку како противници“– вели Кривањева.

 

ПретходноСевиља ја демолираше Алмерија на свој терен
СледноНова повреда на Арда Гулер