Познати се двојките од осминафиналето во Купот на Македонија. Ќе има доста интересни средби, а во центарот на вниманието ќе биде дуелот меѓу бранителот на трофејот, Македонија Ѓорче Петров ќе игра против Вардар. Финалистот, Струга Трим Лум ќе биде гостин кај Воска.
Работнички ќе игра против Шкендија, Пелистер против Тиквеш, Шкупи со Охрид, додека пак Брегалница ќе има полесна задача, за противник го има тимот на Јанг Тим. Силекс ќе ги одмери силите со Башкими, додека Брера со Гостивар.
Мечевите за закажани за 25 октомври, победниците одат во четвртфинале.
ДВОЈКИ 1/8 ФИНАЛЕ КУП НА МАКЕДОНИЈА
Вардар – Македонија Ѓ.П
Брегалница – Јанг Тим
Работнички – Шкендија
Силекс – Башкими
Пелистер – Тиквеш
Брера – Гостивар
Шкупи – Охрид
Воска – Струга