Екипата на Јувентус со минимални 1:0 предмалку го совлада тимот на Лече на домашен терен на затварањето на викенд колото во Серија А.
Стрелец на единствениот гол на овој дуел беше Аркадиуш Милик кој погоди во второто полувреме за домашните односно во 57.минута.
По шест одиграни кола, Јувентус има освоени 13 бодови, додека Лече исто така има и повеќе од добар старт сезонава, па и покрај поразот до сега собра 11 поени.