Одбојкарската екипа на Младост УГД ги засили своите редови за новата сезона со интернационалката од Босна и Херцеговина, Марија Батијиќ. Таа игра на позиција примач, а има настапувано за екипите Ок Гласинац- Босна, Ок Златибор- Србија, Неа Саламина Фамагуста – Кипар и Ок Албатрос- Црна Гора.
„Очекуваме значително да ја подобри нашата одбрана и да биде првото квалитетно освежување во нашата екипа“, напишаа од клубот за новата одбојкарка.