Натпреварот меѓу Партизан и Црвена Звезда во рамките од деветото коло во српската Суперлига ќе биде одложен. Како што објавија белградските медиуми, причина за одложувањето на „Вечното дерби“ се трагичните настани на Косово и Метохија, поради што во среда во Србија е прогласен Ден на жалост.
Владата на Република Србија на вонредна седница и ги повика сите медиуми и организатори на јавни настани да ја прилагодат својата програма за Денот на жалост во среда, 27 септември и со тоа да им оддадат почит на жртвите на Косово и Метохија.
Тоа значи дека оваа недела воопшто нема да се игра 171. „Вечно дерби“ со оглед на тоа што за викендот се закажани натпреварите од 10. коло во Суперлигата. Мечевите од деветтото коло ќе бидат презакажани во нов термин.