Претседател на колумбиски второлигаш убиен откако загубиле на домашен терен

88

Претседателот на колумбискиот второлигаш Тигрес де Соача бил смртно застрелан во сопствениот автомобил по натпреварот со Атлетико Кали одигран пред три дена.

Според колумбиските медиуми, Едгар Паез е убиен по натпреварот од колумбиската Лига 2 кој неговиот тим го загуби со 3:2. Претседателот на Тигрес де Соача бил убиен во близина на стадионот на клубот, соопшти полицијата. Двајца мажи на мотор најпрво удриле во автомобилот на Паез, по што пукале неколкупати во негова насока. Паез починал во болница, каде што бил пренесен со рани од куршуми во градниот кош, вратот и главата.

ПретходноХаланд е на 6 гола до историја во Премиер лигата
СледноДувњак: Во Битола ќе биде пекол, но јас уживам во таква атмосфера