Новата кошаркарска сезона и официјално стартува утре. Најтрофејниот македонски кошаркарски колектив на ден пред почетокот на истата се засили со нов играч и тоа со статус македонски репрезентативец.
Предводникот на Работнички, Димитар Мираковски на плејмејкерската позиција на располагање ќе го има Кристијан Николов. Станува збор за кошаркар кој дел од минатата сезона ја мина во Турција, претходно беше дел од МЗТ Скопје, а сега премина во редовите на тимот од „Градски парк“.
„Црвено-белиот“ дрес во новата сезона од македонските репрезентативци ќе го носат: Стојан Ѓуроски, Виктор Ефремовски, Андреш Шошкиќ, Бобан Стајиќ, Филип Бакоч, Петар Бошалевски, Василиј Србиновски.
Работнички утре во „Кале“ ќе ја отвори сезоната, за противник ќе го има тимот на ТФТ.