Суспендиран теренот на Башкими!

1152

Башкими своите мечеви од Втората лига, но и во Купот на Македонија нема да може да ги игра на домашен терен, одлучи Комисијата за натпревари при ФФМ на денешната седница.

Причина за ваквата одлука е инцидентот кој се случи меѓу овој тим и Саса. Во 89. минута од мечот еден навивач на домашната екипа од Куманово влезе во терен и прво со шише вода го поли играчот на Каменица Саса, а потоа и го турна, па се струполи на земја.

Во продолжение следеа мачни и тешки сцени, па финишот на мечот се издолжи. Во целата гужва,наместо напреварот да биде прекинат и службена победа на гостите, единствено еден од фудбалерите на Башкими заработи црвен картон. Гостинските играчи, загрижени за својата безбедност на теренот, одбиваа да го продолжат мечот, но делегатот Добре Марков и главниот судија Миле Лазов им наложија да се вратат и да го довршат.

„Комисијата за натпревари на ФФМ на денешната седница донесе одлука со која теренот на ФК Башкими 1947 Куманово  се суспендира за одигрување на првенствени и куп натпревари кога како домаќин е екипата на Башкими 1947 Куманово, се до донесување на конечна одлука на Дисциплинската комисија на ФФМ“, се вели во соопштението објавено на официјалната страница на ФФМ. 

ПретходноРаботнички се засили со македонски репрезентативец
СледноПеп му испрати план за исхрана на Аргентинецот кој ќе дојде во јануари