Торонто во моментов ја има најдобрата понуда за трејд на Демиен Лилард, уверуваат американски извори. Според ESPN, канадскиот тим е голем фаворит во битката за потписот на ѕвездата на Портланд кој побара трејд кој никако не може да се реализира.
Неколку менаџери кои работат во НБА лигата, за ESPN потврдиле дека понудата која Торонто ја стави на маса за трејд на Лилард, Портланд нема да ја добие од друг клуб. Наводно Репторс за Ол-Стар кошаркарот го понудиле својот Ол-Стар кошаркар Паскал Сиакам, дебитантот на 2022 година, Скоти Барнс, О.Г. Ануноби и дебитантот Грејди Дик.
Трејдот на Лилард се очекува да се случи пред отворањето на тренинг кампот на почетокот на октомври.