Европската куќа на фудбалот, УЕФА, донесе одлука со која им дозволи на младинските репрезентации на Русија да играат мечеви под нејзино покровителство се додека не го користат, знамето, химната или пак амблемот на Русија.
На оваа одлука се јави Фудбалската Федерација на Англија која што објави дека се противи на оваа одлука и дека таа нема да учевствува на натпреварување во кое учевствува и Русија.
„Не ја поддржуваме одлуката на УЕФА да ја врати Русија во нејзините натпреварувања. Англија нема да игра против Русија, тоа е дефинитивно“ – се вели во соопштението на ФА.