Лига куп: Ливерпул, Арсенал и Челзи сигурни, Њукасл го исфрли Манчестер Сити

143

Вечерва се одиграа неколку натпревари од англискиот Лига куп. Финалистот од минатата сезона Њукасл го елиминира англискиот првак Манчестер Сити поради победата од 1:0. Голот за пласман во осминафиналето го постигна Александар Исак во 53 минута.

Ливерпул се пласира понатаму иако губеше од Лестер на полувреме со 0:1. „Црвените“ во второто полувреме се стегнаа и го свртеа резултатот. Понатаму поминаа и Арсенал по триумфот над Брентфорд со 1:0 со гол на Нелсон како и Челзи по триумф од 1:0 над Брајтон со гол на Џексон.

Осминафиналисти се уште Фулам, Вест Хем, Борнмут, Блекбурн и Евертон.

ПретходноМагдебург ја прекина серијата порази со +16 против Целје
СледноСтоле четврти меч сезонава без примен гол, Рајо со бод од Кадиз