Ете и тоа може да им се случи на најголемите и најбогатите клубови во Европа. Па и на Манчестер Сити, европскиот првак. Имено четата на Пеп Гвардиола отпатува за Њукасл каде вечерва ќе игра протов истоимениот тим во рамките на 1/16 финалетона Лига Купот, но екипата, односно играчите и стручниот штаб не може да се вратат со авион или воз, туку ќе мора со автобус.
“Проблемот со летовите не дозволи да се вратиме со авион, исто не можеме ни со воз, па ќе мораме со автобус. Не е тоа проблем, туку фактот дека ќе доцниме 3-4 часа што навистина ни претставува проблем во одморот на играчите на психички план. Распоредот е густ, секој час одмор е добредојден за играчите“ порача Гвардиола.