Јовиќ: По овој меч ќе добиеме на самодоверба, јас верувам дека ќе направиме добра приказна!

169

Пелистер не успеа да дојде до изненадување против Кил иако вечерва се претстави во едно поинакво светло. Битолчани во текот на целиот меч му создаваа големи проблеми, а неискуството на крајот си го стори своето. Бундес-лигашот ги казни грешки и на крајот славеше со 20-23 во меч од третото коло во Лигата на шампионите.

По овој пораз нема простор за разочарување, напротив сите се уверија дека можат повеќе и допрва ќе ги прикажат своите добри игри.

„Благодарност до верната публика која не поддржуваше во текот на целиот натпревар, честитки до роденденот на Чкембари кои се најдобри во Европа. Се покажавме во добро светло против најдобриот клуб во Европа, париравме добро во текот на сите 60 минути, имавме шанса за реми или победа, но не успеавме поради нашето неискуство. Промашените зицери тимовите како Кил знаат да ги казнат. По овој меч ќе добиеме на самодоверба. Ни треба време, ние сме нова екипа. Јас не се сомневам дека ќе направиме добра приказна“, изјави Јовиќ на прес-конференцијата по мечот. 

Претходно„Росонерите“ славеа на Сардинија
СледноЧаир убедлив против Феникс, Мофит постигна 34 поени!