Алборг „падна“ кај Пик Сегед, Кјелце го урна ПСЖ

158

Лигата на шампиони допрва станува интересна. Во групата Б во која се наоѓа и македонскиот првак, Пелистер само Кил остана единствен тим без пораз после три кола.

Алборг не успеа да го продолжи победничкиот ритам, на гостувањето кај Пик Сегед беше совладан со убедливи 34-27. Унгарскиот тим одигра одличен натпревар, по двата порази во низа успеа да се издигне. По првото полувреме водеше со 20-16. По одморот данскиот состав успеа да дојде на 22-21, но не и да направи целосен пресврт. Пик Сегед се врати во стариот ритам и на крајот сосема заслужено се радуваше на победата.

Марио Шоштариќ со девет гола беше лидер кај победникот, на другата страна Хансен запиша шест гола.

И ПСЖ го запиша првиот пораз. Францускиот првак предводен од Раул Гонзалес на гости кај Кјелце беше совладан со 30-29. Шичко имаше осум гола кај домаќинот, Карачиќ и Морито запишаа по шест.

ПретходноЧаир убедлив против Феникс, Мофит постигна 34 поени!
СледноЕкс германски репрезентативец ја заврши кариерата на 33 години затоа што не можеше да најде клуб