Играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Џејден Санчо би можел да ја продолжи кариерата во друг англиски клуб, но не и да се врати во Борусија (Д). Како што пишува БИЛД, Англичанецот е непосакуван во Дортмунд поради своите навики.
Весникот открива дека Санчо и кога беше дел од Борусија (Д) доцнел на тренинзи најмалку 2-3 пати неделно, секогаш бил ненаспан, поради тоа што редовно навечер „заглавува“ до доцна играјќи на својата конзола за видео-игри.
Англиските медиуми сметаат дека клубови кои во јануари ќе бидат конкуренти за негова позајмица се Астон Вила и Кристал Палас.
Санчо во мометив е под суспензија од тренинзите на првиот тим по конфликтот со менаџерот Ерик тен Хаг.