Поранешниот фудбалер на Баерн и на Хофенхајм, Себастијан Руди ја заврши фудбалската кариера на тажен начин бидејќи не успеа да пронајде нов клуб по повеќе од тримесечна потрага.
Руди играше за Хофенхајм вкупно 11 години во два мандати. Играше од 2010 до 2017, а потоа избори трансфер во Баерн. Со „Баварците“ стана шампион на Германија, а потоа преку Шалке повторно дојде во Хофенхајм за кој играше до ова лето. Договорот му истече, а клубот не го продолжи.
Руди како слободен фудбалер не успеа да најде нов клуб и одлучи да ја заврши кариерата. За Германија одигра 29 натпревари во период од пет години.
Former Bayern and Germany midfielder Sebastian Rudy has retired from football at the age of 33 pic.twitter.com/pisK3eYchd
— Bayern & Germany (@iMiaSanMia) September 27, 2023