Моќно издание на Работнички, ТФТ „патосиран“ (ФОТО)

481

Каков Работнички можеме да очекуваме во новата сезона, одговорот на ова прашање го добивме на првиот меч во новата сезона на кој славеше со убедливи 73-56 против тимот од Тафталиџе.

Декоси со 14 поени, шест скока и пет асистенции беше најдобар кај победникот, еден поен помалку имаше Џелетовиќ, кој имаше дабл-дабл учинок „зачинет“ со десет скока. Ѓуроски беше стрелец на 12 поени и 9 скока. На другата страна Луис имаше 21 поен, недоволно за победа.

Најтрофејниот кошаркарски колектив одигра фуриозна прва четвртина против ТФТ, ја доби со убедливи 24-9. По само четири и пол минути игра дојде до првата двоцифрена предност, Рикиќ поентираше за 13-2. ТФТ немаше решние за ваквата игра на противникот, кој како на лента даваше поени. Новото засилување, Ѓуроски со тројка зголеми на 22-7 на нешто повеќе од минута до крајот на првата четвртина.

Вториот период беше речиси израмнет 16-17, но предноста на Работнички остана довицфрена, најголемата беше пред одморот, плус 16 (40-24). На полувремето резултатот беше 40-26.

Сликата не се промени, ниту во третата четвртина, Работнички продолжи со доминацијата, како да сакаше уште во првото коло да го покаже најдоброто, да влее страв кај конкурентите. Во третата четвртина за седум минути постигна 20 поени, а прими само седум. Во 27. минута резултатот беше 60-33.

Последната четвртина беше повеќе како ревијален дел, бидејќи името на победникот веќе одамна познато.

ПретходноОлимпик Марсеј утре ќе го претстави Гатузо како свој нов тренер
СледноПолска ќе се кандидира за организатор на ЛОИ во 2036 година