Факт е дека во С. Арабија се вложуваат милијарди долари.Пребогатите Арапи не жалат пари за да ги донесат најголемите светски ѕвезди и тоа успева. Но се чини дека полека но сигурно опаѓа интересот кај фановите, освен се разбира за мечевите на Ал Хилал, Ал Итихад, Ал Наср и Ал Ахли, таа голема четворка, се останато далеку помалку се гледа.
Па така за вчера на Куп средбата меѓу Ал Ријади Ал Фејха, на трибините имало само 61 гледачи. Што секако дека е брука.
Па за ваквата посета и ПМФЛ за нив е “Бундеслига“ во однос на бројот на фановите, ако се знае дека кај нас кога играат Вардар, Шкендија, Тиквеш, Брегалница…речису стадионите се полни.
Инаку во просек во елитната лига во С. Арабија посетата е по 5.000 гледачи на меч, и тоа во последните кола, што секако дека е слабо.