Одлуки на УО на Фудбалската федерација на Македонија!

1633

На денешната седница на Управен одбор на Фудбалската федерација на Македонија беа донесени следните одлуки:

– У.О. на ФФМ го донесе Правилникот за работа на Центарот за едукација за тренери при Фудбалската федерација на Македонија;

У.О. на ФФМ донесе одлука за формирање на наставен совет на Центарот за едукација за тренери, а највисокото тело на ФФМ, исто така донесе одлука, проф. д-р Небојша Марковски да ја извршува функцијата директор на Центарот за едукација на тренери и во следните четири години.

– У.О. на ФФМ донесе одлука, Фудбалската федерација на Македонија да продолжи со поддршка (финансиска и логистичка) на проектот „Фудбал сега – фудбал насекаде“, заедно со Федерацијата за училишен спорт. Во проектот се опфатени 80 основни училишта во Македонија и повеќе од 6000 деца од второ до петто одделение кои тренираат фудбал во текот на целата школска година.

– У.О. на ФФМ донесе одлука, Фудбалската федерација на Македонија да продолжи да дава поддршка за проектот „Училишен фудбал за девојчиња“ со Федерацијата за училишен спорт. Во проектот „Училишен фудбал за девојчиња“ се вклучени 30 основни училишта во Македонија и повеќе од 600 девојчиња од четврто и петто одделение.

ПретходноПМФЛ: Радески “тресе“ за победа на шампионот во “Езерското дерби“! (ВИДЕО)
СледноФондацијата Едуката ќе стипендира осум нови студенти