Олимпик Марсеј утре ќе го претстави Гатузо како свој нов тренер

56

Италијанскиот стратег Џенаро Гатузо утре ќе биде претставен како нов тренер на Олимпик Марсеј.

Според француски извори, Гатузо утре ќе ја одржи својата прва прес-конференција како тренер на тимот од француската елита, а ќе биде им биде претставен и на играчите. 45-годишниот стратег ќе биде придружуван од претседателот на клубот Пабло Лонгорија, кој ќе објасни зошто решил да го назначи Гатузо за главен тренер на Марсеј.

Италијанскиот тренер ќе потпише едногодишен договор во кој беше вклучена и можност за продолжување на уште една година.

ПретходноБИЛД: Санчо е проблематично момче, редовно е ненаспан и доцни на тренинзи
СледноМоќно издание на Работнички, ТФТ „патосиран“ (ФОТО)