Матеус Нуњес оваа есен се пресели во редовите на европскиот првак, Манчестер Сити. „Граѓаните“ за 25-годишниот фудбалер платија 62 милиони евра на Вулверхемптон. Матеус му привлече око на тренерот на Сити, Пеп Гвардиола уште во сезоната 2021/22 кога играше за Спортинг Лисабон.
Тогаш Португалецот се сретна со Сити во осминафиналето од Лигата на шампионите, а Гвардиола за Матеус изјави дека веќе е еден од најдобрите фудбалери во светот. Откако изминатиот викенд го одигра првиот првенствен натпревар за Сити, печатот го потсети Пеп на таа изјава, но тој се предомисли.
„Можеби малку претерав. Тој се уште не е најдобар на светот. Да добар, но некогаш после победа од 5-0 знам да дадам такви коментари. Повторувам, тој е одличен играч, но мора уште да напредува“, порача Гвардиола.