ПМФЛ: Радески “тресе“ за победа на шампионот во “Езерското дерби“! (ВИДЕО)

383

Попладнево на СРЦ “Билјанини Извори“ во Охрид, во заостанатиот меч од 4.коло, во „Езерското дерби“ Струга ТЛ со 0:1 ја победи Воска и тоа со голот на Радески во финишот на средбата.  Па така со овие три бода сега шампионот скокна на втората позиција на табелата.

И покрај желбата за надигрување, сепак не видивме којзнае каков квалитетен фудбал, а за тоа е виновен силниот ветар кој постојано им задаваше проблеми на фудбалерите на двете екипи.

Воска факт е дека го изненади шампионот со својата поставеност, квалитетната одбрана,но тоа траеше до 86.минута кога по една мешаница пред домашниот гол Радески најдобро се снајде и со шут со глава донесе вредна победа за својот тим.

Претходно во текот на мечот Марушиќ се закани кај домашните, додека Ибраими и Укпа шутираа но тоа беше недоволно да се загрози голот на Мустафа.

 

ТАБЕЛА

Шкендија (-1) 16, Струга ТЛ (-2) 15, Шкупи 15, Брера 14, Силекс 13, Тиквеш 13, Работнички 10, Брегалница 9, Македонија ЃП 8, Воска 7, Гостивар 6, Вардар (-1) 4 бодови

ПретходноЅвездата на Дортмунд: Потешко ми беше кога ја загубивме титулата отколку кога бев болен од рак!
СледноОдлуки на УО на Фудбалската федерација на Македонија!