Извршниот комитет на УЕФА им даде посебна дозвола на машката и женската репрезентација на Русија до 17 години да настапуваат во меѓународните натпреварувања но тоа наиде на остра реакција кај некои Фудбалски сојузи.
Така се огласија од Англија кои најавија дека нема шанси да играат со нив. Истото го направија и ФС на Украина и ФС на Полска. Од ФС на Украина очекувано реагираа со соопштение дека ќе ги бојкотираат сите натпреварувања во кои ќе учествуваат споменатите руски екипи.
„Бараме од УЕФА да ја промени одлуката. Нема да учествуваме во оние натпреварувања во кои ќе играат руските екипи“, соопштија од ФС.
Нив им се придружија и Полјаците, Данците, Швеѓаните и Финците. Се очекува истото да го направат и уште некои други репрезентации.
Дома Меѓународен фудбал Полска, Украина и Скандинавците по примерот на Англија, нема да играат со...