Стартува новата сезона: Најава за сериозен атак на тронот на МЗТ Скопје

152

Денеска и официјално стартува новата сезона во Првата лига. Бранител на тронот е МЗТ Скопје кој доминира во македонскиот шампионат во последните четири години, сите титули отидоа во Аеродром. Одбраната на тронот, „сино-белите“ ја почнуваат од Гевгелија против Кожув, меч кој се игра во сабота.

Списокот на кандидати за освојување на титулата од оваа сезона се прошири, тронот на МЗТ Скопје го „мерка“ Работнички, а во списокот е Пелистер, кој и покрај засилувањата и добриот буџет никако не успева да се закити со медал. Битолскиот клуб ќе има нова шанса, но овој пат нема да биде така едноставно.

Првото коло ќе почне со два натпревари на денешната програма. Работнички и ТФТ ќе ги одмерат силите во дербито на колото. По долги години, од „Градски Парк“ доаѓаат најави за подобри денови, ростерот е стокмен за титули, но и за квалификации во ФИБА Евро-купот.

На другата страна ТФТ низ сезоните држи ниво, па се очекува и оваа сезона да биде проблем за поголемите фаворити.

Еден час подоцна, Чаир е домаќин на Феникс. Домаќинот зеде неколку засилувања за да остане во елитното друштво, промени направија и гостите, остнаа без дел од младите водечки сили, но најавија дека ќе бидат конкуренти.

Во останатите двојки, Вардар е домаќин на Охрид (30.09), додека пак Академија ФМП – Еуро Никел и Гостивар – Пелистер ќе го затворат првото коло.

Најтрофеен клуб останува Работнички со 15 пехари, зад него е вечниот ривал во 10, Фени Индустри има три, додека пак во една титулаа имат Струмица и Никол Ферт.

ПретходноФК Вардар: Доста беше!
СледноНишто од грчкото засилување во Партизан, Фенербахче се предомисли