Фановите на Реал гневни: „Зарем ова не е за црвен? Судиите пак ја спасуват Барселона!“ (ВИДЕО)

276

Познато е дека пред деценија и повеќе, фановите ширум светот, се разбира исклучок на Барса, го нарекуваа каталонскиот гигант – УЕФАЛОНИЈА. Демек судиите на европските мечеви суделе постојано во корист на Барселона, посебно тука се мисли на оној фамозен меч Челзи – Барса, кога фактички избројано е дека судијата донел 8 одлуки на штета на Челзи а во корист на Барса.

Навистина неверојатно.

Во поново бреме фановите на Реал Мадрид повторно ја “вртат приказната“ дека во Ла Лига судиите се со Барса. Па денеска брујат социјалните мрежи и медиумите по она што синоќа се случи на средбата Мајорка – Барселона.

Имено во еден момент Ромеу просто го нокаутира домашниот напаѓач Муричи, а за тоа доби само жолт картон иако според правилата ивој старт беше за исклучување.

Па така фановите на Реал можеби со право се прашуваат:

 „Зарем ова не е за црвен картон? Судиите пак ја спасуваат Барселона“.

Погледнете го видеото и сами заклучете дали овде имаше старт за црвен картон.

ПретходноЃорческа по голема драма до пласман во 1/8 финалето во Србија!
СледноПМФЛ: “Лавовите“ потив Брера в сабота, дербито на Чаир се игра во недела!