Чаир убедлив против Феникс, Мофит постигна 34 поени!

182

Во салата „Шабан Трстена“ во Скопје, кошаркарите на Чаир 2030 го совладаа Феникс 2010 со резултат 93:72 и со тоа стигнаа до првиот успех во новиот шампионат. Чаирчани рано се стекнаа со солидно водство, кое во финишот на првата четвртина беше девет поени (24:15), потоа и (26:17). Во вториот период гостите фатија ритам и се доближија до негатива од само два поени, а се истакна искусниот Трајковски кој веќе нанижа 10 поени и потоа преминаа во водство.

На одмор, избраниците на тренерот Ерхан Рамадан заминаа со плус 6 (48:42).  Во второто полувреме Чаир ја презема иницијативата и со посигурна игра го приведе мечот во своја корист.

Мофит постигна 34 поени, Корвет имаше двоен ефект од 16.поени и исто толкав број на скокови, Нацевски со 13. поени, потоа Александровски кој освен 12.поени додаде и шест асистенции, додека Мустафица изброја до 11 поени, плус и седум скока.

Томас беше прв стрелец кај Феникс 2010 со 17.поени, 15 за гостинскиот тим дојдоа од Трајковски, а еден помалку уфрли Рис.

 

ПретходноЈовиќ: По овој меч ќе добиеме на самодоверба, јас верувам дека ќе направиме добра приказна!
СледноАлборг „падна“ кај Пик Сегед, Кјелце го урна ПСЖ