Видеолотарија Касинос Австрија преку фондацијата за образовна и хуманитарна општествена дејност ЕДУКАТА, ќе стипендира нови осум редовни студенти, запишани на додипломски студии од прв циклус на државниот универзитет во Тетово, запишани за прв пат на студиската 2023/2024 година.
Видеолотарија Касинос Австрија како општествено одговорна компанија, преку фондацијата Едуката обезбедува нови стипендии за осум редовни студенти, запишани на додипломски студии од прв циклус на државниот универзитет во Тетово, за прв пат на студиската 2023/2024 година.
По 12 стипендисти минатата година од јавните универзитети при УКИМ во Скопје, годинава одлучивме да поддржиме дополнително уште осум нови студенти до крајот на нивното факултетско образование. Наша цел е овие млади луѓе да добијат еднакви можности за стекнување знаење и вештини, со што ќе се овозможи во иднина тие да бидат носители на развојот на општеството.
Директорот на фондацијата Едуката, Оливер Арсовски изјави дека ќе бидат опфатени следните студенти:
- 2 стипендии на студиите на Економски факултет – насока финансии и сметководство
- 2 стипендии на студиите на Филозофски факултет – насока психологија: професионална
- 2 стипендии на студиите на Природно-математички факултет, и тоа една стипендија за насока – информатика-компјутерски науки, и една стипендија за насока математика
- 2 стипендии на Педагошки факултет, од кои една стипендија за насока – специјална едукација и рехабилитација, и уште една стипендија по логопедија.
Тој додаде дека фондацијата ќе го следи целокупниот факултетски развој на избраните студенти, сè до нивното завршување, ако бидат исполнети критериумите за добивање стипендија. Секој избран студент ќе добие стипендија во нето месечен износ од 18.000 денари за десет месеци во текот на студиската година.
Раководителот на центарот за кариерен развој на државниот Универзитет во Тетово,Ваљон Шабани се заблагодари на Видеолотарија Касинос Австрија и фондацијата Едуката за нивната иницијатива да ги поддржат студентите од овој универзитет.
Конкурсот е отворен до 20.10.2023 година. Конкурсот за пријавување на студенти, заедно со сите информации и потребни документи согласно критериумите, е достапен на официјалната страна на фондацијата Едуката: educata.mk.
Фондацијата Едуката фокусот го става на надарените лица-ученици и студенти кои потекнуваат од социјално загрозени семејства, кои немаат финансиски можности, а имаат амбиција за образување. Нашата цел е овие млади луѓе да добијат еднакви можности за стекнување знаење и вештини, со што ќе се овозможи во иднина тие да бидат носители на развојот на општеството.