Ѕвездата на Дортмунд: Потешко ми беше кога ја загубивме титулата отколку кога бев болен од рак!

78

Не е тајна дека сите во Борусија Дортмунд, па и фановите на овој клуб, сеуште се во шок по она што се случи пред три месеци во последното коло во Бундеслигата. Кога беше загубена титулата и тоа по ремити со Мајнц (2:2) а потребна беше победа. Тоа Баерн Минхен го искористи и повторно стана шампион.

Еден од трагичарите на тој меч на „Сигнал Идуна Парк“, беше Себасијан Халер. Фудбалерот кој претходно беше болен од рак на тестисите. Токму тој е виновникот зоште промаши пенал, а промаши и два зицер на тој меч.

“Тој ден за мене беше најтежок во мојот живот. Искрено потешко ми падна дека ја загубивме титулата отколку кога бев болен од рак на тестисите. Но, што дасе прави, не можеме да се вратиме назад.Мораме тоа да го прифатиме и да одиме напред“ изјави Халер.

ПретходноБританците се јадосуваат: “Тажно е тоа што Новак сеуште е најдобар“!
СледноПМФЛ: Радески “тресе“ за победа на шампионот во “Езерското дерби“! (ВИДЕО)