Навивачката група „Чкембари“ пред два дена и официјално прослави 38 години од своето формирање, но прославата ја остави за вечерва во пресрет и за време на мечот на Е. Пелистер против Кил во ракометната Лига на шампиони.
„Одбележуваме 38 години од почетокот на ЧКЕМБАРИ. Горди сме на првата генерација која овозможи денес да се нарекуваме НАЈСТАРА навивачка група во Македонија, горди сме и на сите наредни генерации на Чкембари кои дале свој придонес и кои оставиле свој белег во речиси четири децениската историја. 38 години не е јубилеј, но и не е така честа прилика да го прославиме на трибини во рамките на Лигата на шaмпиони против германскиот шампион“, порачаа од „Чкембари“.