БИЛД: Санчо е проблематично момче, редовно е ненаспан и доцни на тренинзи

341

Играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Џејден Санчо би можел да ја продолжи кариерата во друг англиски клуб, но не и да се врати во Борусија (Д). Како што пишува БИЛД, Англичанецот е непосакуван во Дортмунд поради своите навики.

Весникот открива дека Санчо и кога беше дел од Борусија (Д) доцнел на тренинзи најмалку 2-3 пати неделно, секогаш бил ненаспан, поради тоа што редовно навечер „заглавува“ до доцна играјќи на својата конзола за видео-игри.

Англиските медиуми сметаат дека клубови кои во јануари ќе бидат конкуренти за негова позајмица се Астон Вила и Кристал Палас.

Санчо во мометив е под суспензија од тренинзите на првиот тим по конфликтот со менаџерот Ерик тен Хаг.

Претходно38 години „Чкембари“: Прослава на роденденот на меч од Лигата на шампионите
СледноОлимпик Марсеј утре ќе го претстави Гатузо како свој нов тренер