И покрај тоа што Новак Ѓоковиќ има голем број фанови во светот, а посебно на Балканот, сепак во некои земји како на пример во В. Британија тој не е многу омилен.
Па така во колумна на “Дејли мејл“ се истакнува, покрај другото, дека е тажно што тој и на 36 години е најдобар во светот:
“Тажно е тоа што Новак и на 36 години сеуште е најдобар во светот. Состојбата во светот на тенисот не најпозитивна. Новак го добива тоа што го сака. Прескокнува многу турнири, досега играл само на шест кои не се Гренслем,и пак е прв на АТП листата. Сепак бројките и титулите се факт“ се вели во дел од колумната на “Дејли мејл“.