Кил – нова пеколна задача за македонскиот првак

85

Пелистер продолжува со битките во Лигата на шампиони. Пред македонскиот првак е нова тешка задача во групната фаза, во салата „Боро Чурлевски“ гостува Кил, дуелот е закажан со почеток во 18:45 часот.

Избраниците на тренерскиот тандем, Јовиќ и Шундовски ги бараат првите бодови по поразите од Алборг и Колстад. На другата страна пак бундес-лигашот е во друштвото седумте непоразени тимови пред стартот на третото коло по триумфот над ППД Загреб и Пик Сегед.

Пелистер во оваа средба влегува како тим кој има најмалку постигнато голови на стартот на сезоната, вкупно има 45. Битолчани ја браат својата вистинска игра за овие мечечи, ќе морат да најдат вистинската доколку сакаат да влезат во еден поинаков ритам и да испратат порака дека имаат што да покажат.

Пелистер и Кил до сега се немаат сретнато, ова е прва нивна пресметка. Противникот е свесен дека трибините ќе бидат исполнети, за атмосферата во Битола веќе на големо се зборува. Сето ова треба да биде мотив за сите во составот да покажат подобра игра како награда за сета поддршка што ја имаат.

„Сите знаеме каква екипа е Кил. Гледавме видео материјали, се обидовме да ги анализираме. Се надеваме на добра и борбена игра, без голем респект кон нив, иако имаат ракометари од светски рамки. Верувам дека ќе дадеме максимум и тоа ќе ни донесе добар резултат. Добро отворивме против Алборг, но веројатно од неискуство дозволивме лесни голови и огромно заостанување. Имавме избрзани шутеви, пад на концентрација и сигурно неискуство, па Алборг дојде до убедлива победа. Кил е исто така нова екипа, сепак е септември и поразите во Бундеслигата се вообичани“, изјави Цветан Кузманоски. 

Пелистер е последен на табелата со два порази во исто толку мечеви, скор кој во групата А имаат Пик Сегед и ППД Загреб.
ПретходноЕзерско дерби: Воска и Струга ТЛ на мегдан, шампионот сака победничката серија да продолжи!
СледноИ официјално Гечевски нов спортски директор на Работнички