Магдебург ја прекина серијата порази со +16 против Целје

47

Бранителот на европскиот трон Магдебургја прекина серијата од два порази во ЛШ со убедлив триумф над словенечки Целје со 16 гола разлика. Конечниот резултат беше 39:23 (полувреме 20:13). Од стартот Германците наметнаа игра која беше нерешлива енигма за словенечкиот тим кој влезе како аутсајдер во овој меч. Магнусон постигна осум голови, Муше даде 7, Петерсон 6 во редовите на победничкиот тим.

Кај Целје најефикасен беа хрватскиот интернационалец Иванковиќ и Словенецот Качичник со по четири гола.

Магдебург идното коло ќе игра против Висла, додека Целје кој има три порази од исто толку натпревари ќе игра дома со Монпеље.

 

ПретходноСасуоло го изненади Интер на „Меаца“, за Елмас седум минути во триумфот на Наполи
СледноЛига куп: Ливерпул, Арсенал и Челзи сигурни, Њукасл го исфрли Манчестер Сити