Пелистер одличен, но и поразен: Кил со цел плен од Битола (ФОТО)

551

Едно поинакво издание на македонскиот првак во Лигата на шампионите. Двата порази ги остави зад себе и испрати порака дека сепак оваа сезона има што да покаже. Ракометарите на Пелистер одиграа по вкусот на своите фанови, но и љубители на ракометот. Бундес-лигашот не очекуваше дека ќе наиде на силен отпор, македонскиот тим постави игра која не му одговараше на противникот, не дозволи брза транзиција и напади, целосно го извади од ритам составот на Филип Јиха, а публиката во салата „Боро Чурлевски“ уживаше, беше вистински празник на ракометот.

За жал, сето ова не беше доволно барем за бод. Битолчани не ги искористија своите шанси на стартот на последните десет минути влегоа во серија на грешки и нереализирани напади, доволно за да Кил зачекори посигурно кон победата, на крајот славеше со 20-23 и му го нанесе третиот пораз на Пелистер.

Беше навистина тесно, отвори Танкоски за 0-1, Гедбан беше добар на голот. Па битолчани парираа еднакво на силниот соатв на Кил, предноста на гостите се движеше од еден до два гола. Избраниците на Јиха во 12 минута со голот на Екберг поведоа со 3-5, беше и 6-8. Битолчани имаа шанса да израмнат и на полувремето резултатот да биде поинаков. При првите три плус за гостите (7-10), македонскиот првак пропушти шанса за да целосно се врати на мечот, па на одморот беше 9-11.

Ниту на стартот на второто полувреме не се промени нешто драстично. Кил беше во предност, но не комотна. Имаше шанса да дојде на плус четири при 9-12, но Гебан продолжи да биде добар на мрежата. Негативата се движеше од еден до два гола, Пелистер навистина беше во еден поинаков ритам, носен од одличната атмосфера во салата „Боро Чурлевски“. И сето ова донесе нов тек, битолчани надополнија негатива од три разлика, со головите на Цехте, Петар Атанасијевиќ и Пешевски израмни на 16-16 во 43 минута. Ракометарите на Пелистер имаа шанса да дојдат до второто водство, но Борзаш не успеа да реализира, па веднаш стигна казна за 17-18.

Петровиќ ја врати неизвесноста (18-18). Играч помалку, една грешка, не реализиран напад, беа доволни за да искусниот состав дојде на 19-22 во 51 минута. Во сиот налет на буденс-лигашот, Радивојевиќ не успеа да рализира од седум метри, додека Кузманоски од контранапад.

Повеќе боли фактот што и Кил не беше совршен.

Тајник стави крај на лошиот период (20-22) и тоа во период кога беа со играч помалку, Гедбан запиша две нови добри одбрани. По тајм-аутот на Јовиќ немаше реализација, гостите го торшеа времето, на крајот и дојдоа до победа од 20-23.

Оваа игра не треба да ги демотивира битолчани, напротив ќе биде водилка за следните мечеви.

ПретходноПолска ќе се кандидира за организатор на ЛОИ во 2036 година
Следно„Росонерите“ славеа на Сардинија