Полска, Украина и Скандинавците по примерот на Англија, нема да играат со руски екипи

913

Извршниот комитет на УЕФА им даде посебна дозвола на машката и женската репрезентација на Русија до 17 години да настапуваат во меѓународните натпреварувања но тоа наиде на остра реакција кај некои Фудбалски сојузи.
Така се огласија од Англија кои најавија дека нема шанси да играат со нив. Истото го направија и ФС на Украина и ФС на Полска. Од ФС на Украина очекувано реагираа со соопштение дека ќе ги бојкотираат сите натпреварувања во кои ќе учествуваат споменатите руски екипи.
„Бараме од УЕФА да ја промени одлуката. Нема да учествуваме во оние натпреварувања во кои ќе играат руските екипи“, соопштија од ФС.
Нив им се придружија и Полјаците, Данците, Швеѓаните и Финците. Се очекува истото да го направат и уште некои други репрезентации.

ПретходноНавас ја напушта Европа и се сели во МЛС
СледноСасуоло го изненади Интер на „Меаца“, за Елмас седум минути во триумфот на Наполи