Полска ќе се кандидира за домаќин на Летните олимписки игри во 2036 година, изјави та полскиот претседател Анджеј Дуда.
Полска, која летово беше домаќин на Европските игри со повеќе спортови во Краков и Малополска, никогаш не била домаќин на Олимписките игри.
„Би сакал да објавам, по консултации со Полскиот олимписки комитет, министерот за спорт и Владата, дека нашата амбиција и намера е да започнеме со напори за организирање на Летните олимписки игри во 2036 година“, рече Дуда на конференцијата во Закопане.
Интернационалниот олимписки комитет ги додели Игрите во 2032 година на Бризбејн, додека има неколку заинтересирани и потенцијални кандидати за Игрите во 2036 година, вклучувајќи ги Мексико и Индонезија.