Екипата на Милан славеше победа на гостувањето кај Каљари со 3:1 во 6.коло на Серија А. „Росонерите“ влегоа како големи фаворити, а успеаја да ги грабнат бодовите и покрај тоа што имаа негатива по 29 минути игра.
Лувомбо го доведе Каљари во предност, а во 40 и 45 минута Окафор и Томори погодија за пресврт. Конечниот резултат го постави Лофтус-Чик во 60 минута.
За Милан ова е петта победа сезонава и сега има 15 бодови.
Каљари е последен без победа и само два бода.
Аталанта победи со 1:0 во Верона со гол на Копмејнерс во 13. минута, а Емполи славеше против Салернитана со 1:0 со гол на Балданци во 34 минута.