Тен Хаг: Санчо? Не сакам да коментирам за играчи надвор од тимот!

176

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, беше задоволен од она што го виде на натпреварот против Кристал Палас. „Црвените ѓаволи“ победија со 3:0 и се пласираа во осминафиналето на „Карабао купот“.

„Одигравме добро, доминиравме. Тоа е она кон што се стремиме. Кога не победувате, доаѓа разочарувањето, расположението не е исто. Но, ние сме силни по дух и не го загубивме единството во лошите резултати. Тоа беше евидентно на овој меч“, изјави Тен Хаг и додаде: 

„Против Барнли направивме чекор напред во дефанзива. Против Кристал Палас покажавме дека се подобруваме во контролата на топката. Имаме уште многу работа, но одиме во добра насока“, потенцира Холанѓанецот.

Тен Хаг искоментира за дел од играчите, а меѓу нив беше и Санчо.

„Санчо? Не сакам да коментирам за играчи кои се најдвор од тимот. Се зависи од него“. 

ПретходноОсимен нема да му прости на Наполи се закани со тужба
СледноИбрахимовиќ се враќа во Милан?