Лина Ѓорческа успеа да се пласира во 1/8 финалето на турнирот во Куршумлиска бања во Србија и тоа голема драма која траеше три часа. Нашата најдобра тенисерка во меч од 1/16 финалето успеа да ја победи Унгарката Јани со 2:1 во сетови, од кои во првиот и третиот, решавачкиот, се играа тајбрејкови.
Првиот сет го доби Унгарката со 7:5 во такбрејкот, за да во вториот Лина успеа да биде подобра и го добие со 6:4. Во третиот сет одново драма, но сега Лина беше поуспешна и со 7:3 во тајбрејкот го доби сетот а со тоа и мечот со 2:1 и се пласираше во следната рунда.