Никола Јокиќ во моментов е најдобриот кошаркар во светот. Минатата сезона на Денвер му ја донесе првата титула во НБА; папотоа цело лето одмараше, не настапи на СП за својата земја.
Со оглед на тоа дека заработува 50 милиони долари годишно, секако дека не му е никаков проблем да има и тоа каков возен парк.
Сепак бисер меу неговите автомобили е “Ролс Ројсот“ кој вреди 800.000 евра и кој е специјално направен само за него.
Покрај сите “дребулии“, Јокиќ во овој “ѕвер“ има и седишта кои може да се подесат не само да те ладат или топлат, туку и да се масираат. Потоа има екрани на кои може да се играат видео игри, да се гледаат филмови и слично.